Дома Трансфер зона Челзи спреми 90 милиони за наследникот на Канте

Челзи спреми 90 милиони за наследникот на Канте

Челзи сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а позната е најголемата трансфер желба на тренерот Потер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за неговиот „миленик“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој ова лето беше на мета на многу европски гиганти.

Одличниот Еквадорец пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и под водство на Потер буквално „експлодираше“. Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а покажа одлични партии и на Светското првенство.

Каиседо има договор со Брајтон до 2025 година, а Челзи во него гледа идеална замена за Нголо Канте.

За да ја победи конкуренцијата Челзи е спремен да потроши 90 милиони евра за да го доведе Каиседо на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…