Дома Трансфер зона Челзи спреми 60 милиони за ѕвездата на Милан

Челзи спреми 60 милиони за ѕвездата на Милан

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ планираат да испратат понуда за 24-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. 

Милан го купи Хернандес од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрите партии на „Сан Сиро“.

Челзи е во потрага по лев бек после повредата на Чилвел и испратил понуда од 60 милиони евра за Французинот.

Последните информации од Италија се дека Тео Хернандес и Милан ја одбиле понудата бидејќи наскоро ќе ја продолжат соработката до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…