Челзи е спремен да понуди 120 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат англиските и италијанските медиуми.
Нигерскиот ас е главна мета на Челзи за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што блеска сезонава.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи, а приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Осимен не ја крие желбата дека сака да игра во Премиер лигата, но Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и верува дека понудата од 120 милиони евра ќе биде доволна да го убеди Наполи да го пушти Осимен на „Стенфорд Бриџ“.