Дома Трансфер зона Челзи се подготвува за „живот“ без Куртоа, ова е кандидатот за негов наследник!

Челзи се подготвува за „живот“ без Куртоа, ова е кандидатот за негов наследник!

Тимот на Челзи наскоро би можел направи промена голманската позиција.

Според последните најави од Англија, Челзи е спремен да го доведе голманот на Стоук, Џек Бутланд, после информациите дека Тибо Куртоа не сака да го продолжи договорот со клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Куртоа истекува во летото 2019 година, но и тоа како добро знае за интересот на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

На крајот од сезоната на Куртоа ќе му остане уште една година од договорот со Челзи, па тој би можел да замине без оштета, пишува „Дејли Мејл“.

Поради тоа во Челзи веќе се подготвуваат за негова замена, а 24 годишниот Бутланд кого го посакуваа уште во 2013 година кога го носеше дресот на Бирмингем изгледа како идеално решение.

Со текот на времето тој прерасна во еден од најдобрите голмани во лигата и сега неговите амбиции се зголемени.

Кога во прашање е цената, Стоук сигурно нема да го пушти за сума пониска од 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…