Англискиот гигант Челси во изминатиот период се поврзуваше со голем број напаѓачи, меѓу кои се Виктор Осимен, Александер Исак, но и играчи како Нико Вилијамс и Мајкл Олисе, но премиерлигашот на крајот мораше да се задоволи со анонимус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челси нема да продолжи со преговорите за Исак затоа што напаѓачот е премногу скап за Тод Боели, односно Њукасл бара 120 милиони евра.
Воедно „сините“ се откажаа и од Олисе и Вилијамс затоа што не сакаат да ги исполнат високите барања на фудбалерите.
Премиерлигашот, сепак, во меѓувреме се засили со Марк Гују од Барселона за шест милиони евра и се очекува младиот напаѓач да добие шанса во тимот на „сините“.