Дома Трансфер зона Челзи никогаш не понудил 120 милиони евра: Пропадна трансферот на Енцо Фернандез

Челзи никогаш не понудил 120 милиони евра: Пропадна трансферот на Енцо Фернандез

Играчот од средниот ред Енцо Фернандез е се подалеку од трансфер во Челзи.

Португалскиот „Мајсфутебол“ синоќа објави дека Бенфика и Челзи не можат да се договорат за обештетувањето и дека е тешко да се очекува дека нешто ќе се промени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бенфика постојано инсистираше на целата отштетна клаузула од 120.000.000 евра, која Англичаните наводно во никој момент не помислиле да ја платат.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челзи никогаш немал намера да плати за Аргентинецот повеќе од 85.000.000 евра, што е премалку за тимот од Лисабон. Во Бенфика не им се брза, па затоа не сакаат да дадат и никаков „попуст“.

Португалскиот весник „Рекорд“ во денешното издание ги објави деталите за најновата понуда на Челзи, која беше одбиена од Бенфика. Англичаните понудиле 90.000.000 евра и дури тројца играчи. Еден од нив е Хаким Зијеш, за лпгп Челзи во летото 2020 година плати Ајакс на 40.000.000 евра.

Челзи сакаше да го испрати Мароканецот во Бенфика за Фернандез, а во Лисабон би ги испратиле Давид Фофана од Молде и Сантос кој доаѓа од Васко Де Гама. За разлика од Зијеш, овие двајца биле понудени на позајмица. Но, Бенфика не сакала таков договор.

„Рекорд“ пишува дека на состанокот во Лондон присуствувале претставници на Челзи, претседателот на Бенфика, Руи Коста, спортскиот директор Педро Браз и познатиот менаџер Жорге Мендеш, кој имал улога на посредник на таа средба.

“Атмосферата беше многу напната. Челниците на Бенфика очекуваа Челзи да ја зголеми нивната понуда, што не се случи.

Ставот на Бенфика е јасен – 120.000.000 евра колку што изнесува клаузулата за обештетување. Челзи понуди играчи и помала сума, но Бенфика ги одбила сите други опции“, пишува „Рекорд“.

ВРЕДИ ЛИ ЕНЦО 120-130 МИЛИОНИ ЕВРА?

СПОРЕД ОДГОВОРИТЕ НЕ ВРЕДИ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…