Дома Фудбал Англија Челзи – Манчестер Сити: Конте или Гвардиола, анализа и предлог тип

Челзи – Манчестер Сити: Конте или Гвардиола, анализа и предлог тип

Првата средба минатата сезона меѓу овие две екипи, заврши со победа на Челзи од 3:1 на Етихад, а Челзи славеше и на вториот меч на домашен терен со 2:1. На двата меча следевме одличен и атрактивен фудбал, а сега со сигурност ќе следиме подеднакво интересен и неизвесен меч.

Манчестер Сити е во неверојатна форма, особено нивниот напад кој игра страшно добро во последно време, додека перфомансите кои ги покажува Челзи на предходните мечеви и нивната контрола на играта се за восхит, особено играта на мечот против Атлетико Мадрид во вторникот кога Челзи во Шпанија славеше со 1:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Слободата на Хазард и Фабрегас во средината се покажа како добра одлука на Конте

За Конте секогаш најважен е изборот на системот на игра и формациската поставеност. Ја форсира формацијата 3-4-3 од минатата година, но на некоиповажни мечеви со силни екипи Конте повеќе експериментира со 3-5-1-1, и тој систем се покажа доста ефикасен против Атлетико. Тоа значи дека Фабрегас може да се троши премногу во дефанзивата, бидејќи дисциплината на двајцата останати играчи во средниот ред Канте и бакајоко е неверојатна и тоа им овозможува на Фабрегас, но пред се на Хазард да се однесуваат доста слободно позади најистурениот Алваро Мората, се вели во воведната анализа на Kladenje.mk

Гвардиола без Агуеро, одбраната носи неколку дилеми

Според тоа, Гвардиола веројатно овој пат ќе се постави со четворица во одбраната. Џон Стоунс и Отаменди со сигурност ќе стартуваат и ќе се борат против Мората, а Кајл Вокер и Данило треба да имаат дозвола да одат многу поотворено на противничката половина, ако Челзи користи формација 3-5-1-1, така што тие двајца нема да имаат директни противници. Меѓутоа, тие ќе мора бидат внимателни, бидејќи во средниот ред Челзи е доста широк, за разлика од одбраната која игра многу блиску. Голем проблем за Гвардиола ќе биде тоа што на овој меч е без услугите на Компани и Менди кои се повредени.

 

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…