Дома Фудбал Англија Челзи – Ливерпул: Лампард гледа шанса за титула, но Клоп не се задоволува само со една

Челзи – Ливерпул: Лампард гледа шанса за титула, но Клоп не се задоволува само со една

Челзи е домаќин на Ливерпул во 1/8 финалето од ФА Купот. Да се играше овој меч во Премиер Лигата, Ливерпул ќе беше фаворит. Но тешко е да се предвиди со каков тим ќе излезе Клоп. Од друга страна, Лампард ќе оди на трофејот во ова натпреварување и нема да калкулира премногу со составот.

Единствена шанса за трофеј сезонава за Челзи

Покрај пласманот на една од првите четири позиции во Премиер Лигата, освојувањето на ФА Купот станува еден од приоритетите на Лампард. Тоа стана повеќе од јасно, откако минатата недела Челзи загуби со убедливи 0:3 на домашен терен од Баерн Минхен во Лигата на Шампиони.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тоа значи дека ФА Купот е нивна последна шанса да освојат трофеј сезонава и во теорија имаат добра можност за тоа, бидејќи игра на домашен терен и против ослабен Ливерпул.

Челси славеше со 2:0 дома над Нотингем Форест и со 1:2 на гостувањето кај Хал за да стигне до 1/8 финалето на ФА Купот.

Избраниците на Френк Лампард веќе двапати се судрија со Ливерпул оваа сезона, губејќи на пенали во Суперкупот по ремито 2:2 и беа поразени со 1:2 во средбата од Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“. Со други зборови, тие му пружија голем отпор на годинешниот шампион, иако шампионската титула не е официјално освоена.

Сепак, пред овој меч загрижува слабата форма на Челзи. На последните осум натпревари имаат по три порази и нерешени средби и само две победи.

Црвените го изгубија ритамот

Што се случи против Ватфорд! Поразот од 3:0 против Вотфорд беше шок. Со тоа завршија надежите на Ливерпул дека ќе ја поминат сезоната во Премиерлигата без пораз. Но тоа претставуваше втор пораз во последните три натпревари по поразот од 1:0 против Атлетико Мадрид во Шпанија во Лигата на Шампиони. Зимската пауза се докажа досега дека го пореметува ритамот на избраниците на Јирген Клоп.

Јасно е дека на некои репрезентативци им требаат минути пред репрезентативните обврски, а тука мислам на Матип, Ловрен, Лалана, Ориги, Минамино. Голема е веројатноста сите овие да добијат шанса на овој меч. Но тоа значи дека Ливерпул ќе биде посигурен, а и Клоп бидејќи ќе им даде шанса на овие пред децата кои толку добро одиграа и го победија Евертон на „Енфилд“ во ФА Купот?

Или пак Клоп ќе оди многу посилен отколку што мислиме, знаејќи дека ова е борба за трофеј?

Наш предлог:

Победа на Челзи или нерешено @ 1.55 во 1хBet

Двете екипи да постигнат гол @ 1.63 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oфицијално: Чави заминува од Барселона!

Како и што се најавуваше, Чави доби отказ во Барселона и нема да го предводи клубот во нар…