Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие финансискиот фер-плеј, пренесуваат англиските медиуми.
Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најдбрите играчи на Њукасл, кој на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година пристигна за 70 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челзи е најсериозен кандидат за потписот на Исак, бидејќи е во потрага по квалитетен напаѓач.
„Сините“ веќе имале првични разговор со Њукасл, кој за слободата на својата ѕвезда бара 115 милиони фунти.
🚨 Chelsea have made an enquiry for Newcastle striker Alexander Isak.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2024
Conversations have taken place between the clubs. The Swedish striker would cost more than £115m.
(Source: @mailsport) pic.twitter.com/u5almI1Ksh