Раководството на ПСЖ одлучи да го стави Нејмар на трансфер листа ова лето, пренесуваат француските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар во секоја сезона го нема баш во најважниот период од сезоната, а неодамна беше пресметано дека поради повреда од неговото доаѓање поминал вкупно две години надвор од терените.
Тој е најскап фудбалер во историјата, но никогаш во целост не ги опрадва очекувањата во Париз. Притоа, „светците“ сакаат да се ослободат од неговата висока плата.
Интерес за 31-годишниот Бразилец покажуваат два клуба од Премиер лигата и тоа Челзи и Њукасл.
Њукасл е блиску до обезедување на пласман во Лигата на шампиони, па нема да жали пари за да донесе голема ѕвезда во тимот.