Челзи ја загуби надежта во способностите на Алваро Мората да биде клучен играч, па се сврти кон нов напаѓач, а како мета е означен Мауро Икарди.
„Сините“ сакаат да го купат вториот најдобар стрелец во Серија А, кој оваа сезона е во одлична форма, а тоа го потврди и овој викенд кога за само 14 минути постигна хет-трик. Во Челзи се подготвени да понудат големи пари за Аргентинецот кој не доби повик во репрезентацијата. Но, се разбира, конкуренцијата е голема, а како што пишуваат медиумите, Реал Мадрид е исто така заинтересиран. Бензема би можел да си оди во Премиер лигата, а потенцијален нов напаѓач би можел да биде Икарди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челзи ќе испрати иницијална понуда од 55 милиони фунти, кои се спремни и да ја зголемат. Се уште не е познато колку Реал Мадрид е подготвен да плати за одличниот напаѓач. Челзи има проблеми со Мората кој не успеа да стане играч кој ќе постигне 20+ гола по сезона, а има и физички проблеми. Мората исто така често се повредува, па Конте е принуден да го користи Азар како напаѓач. Како конкуренција е доведен Жиру, но прашањето е колку се верува во поранешниот напаѓач на Арсенал.