Шпанските медиуми се сигурни дека Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар, кој не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.
Азар пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ со големи очекувања и „кралевите“ за неговиот потпис на Челзи му платија 115 милиони евра, плус бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ не се задоволни од Азар за кој очекуваа да биде еден од предводниците на екипата кога го купуваа, но големиот број на повреди му ја уништи кариерата на Белгиецот.
На Островот се пишува дека Азар би можел да се врати во Премиер лигата. Сериозен интерес за него наводно покажа Челзи, кој сака да го врати Белгиецот на позајмица.
Се очекува двата клуба наскоро да започнат преговори бидејќи и Азар е спремен да се врати во „Стенфорд Бриџ“.