Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио е главна трансфер цел на Челзи, пренесува „Дон Балон“.
Раководството на „сините“ го сака еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и нема да жали пари да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите на „Дон Балон“, Челзи е спремен на „кралскиот“ клуб да му го понуди Нголо Канте и одредена сума пари за потписот на Асенсио.
22-годишниот Асенсио во 2013 година пристигна во Мадрид и веднаш ја покажа својата класа. Тој стана миленик на навивачите, а раководството во него гледа како иден столб на тимот.
Поради тоа тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе ја прифатат понудата и покрај фактот што Зидан е симпатизер на играта на Канте.