Челзи ќе биде активен на трансфер пазарот ова лето, па иако веќе го обезбеди потписот на Хаким Зијех, не рамислува тука да застане.
Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ се вклучиле во трката за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам и спремиле понуда од 30 милиони фунти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако има смао 16 години тој веќе запиша 31 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.
Во јануари медиумите го поврзуваа Белингам со трансфер на „Олд Трафорд“, но Челзи сака да го „украде“ талентот пред носот на „црвените ѓаволи“.
Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Првичната понуда на Челзи е 15 милиони фунти која со дополнителни бонуди може да стигне до 30 милиони фунти.