Раководството од Челзи се откажало од намерата да го донесе плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско во своите редови, пренесува „Сан“.
Од „Стенфорд Бриџ“ биле убедени во добар исход на зделката, откако биле спремни да понудат 75 милиони фунти за играчот. Наводно „сините“ веќе се договориле со Иско за неделна плата од 250.000 фунти, заедно со одредени бонуси при потпишувањето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Иско во последен монент разбрал за интересот од страна на Пари Сент Жермен и од Челзи побарал повисока плата од договорената.
Тоа го натерало раководството на Челзи да го смени мислињето и биде убедени дека Иско повеќе го интересираат парите, откако возможноста да игра за англискиот клуб.
Во меѓувреме „сините“ го комплетираа трансферот на Кристиан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра и се откажаа од Шпанецот.
Fresh twist in Isco's proposed £75million move to Chelsea https://t.co/zPFznm6uvb pic.twitter.com/ysH3doYoUq
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 1, 2019