Дома Трансфер зона Челзи во паника, талентот сака да си оди по секоја цена!

Челзи во паника, талентот сака да си оди по секоја цена!

Веќе неколку недели траат шпекулациите за талентот на Челзи, Калум Ходсон Одој, кој е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најсилен интерес за Одој покажува Баерн Минхен кој понуди 35 милиони фунти, но Челзи и понатаму не сака да се откаже од својот талент.

Меѓутоа, младиот Англичанец е решен да го напушти лондонскиот клуб каде не гледа шанса за голема минутажа и напредок во кариерата.

Одој му се заканил на клубот дека ако не го пуштат да се пресели во Минхен нема да го продолжи договорот кој му истекува во 2020 година. Челзи ќе така ќе биде ставен пред „свршен чин“ бидејќи ќе може да го загуби фудбалерот без обештетување.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе Челзи, но Одој сака да се пресели во Минхен, каде го гледаат како наследник на Арјен Робен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…