Италијанскиот гигант Интер после цели шест години се враќа во Лигата на шампиони, а фановите со нетрпение чекаат да ги гледаат своите миленици меѓу елитата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ веќе ги распродале билетите за првиот домашен натпревар оваа сезона во ЛШ, против Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, повеќе од 60.000 билети се продадени 12 дена пред натпреварот кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“, иако се уште билетите не се пуштени во слободна продажба.
Се очекува во наредните денови да се продадат сите билети кои ќе бидат пуштени во продажба, па „Џузепе Меаца“ ќе биде комплетно полн за првиот меч во Лигата на шампиони после шест години.