Дома Фудбал Чави: Јас и Иниеста не бевме добри како Педри и Гави на нивни години

Чави: Јас и Иниеста не бевме добри како Педри и Гави на нивни години

Чави и Иниеста со години играа заедно во шпанската репрезентација и Барселона и освоија се што може да се освои.

Со Барса доминираа во Примера и Европа, а во дресот на „Фуријата“ освоија две последователни европски шампионски титули и една светска шампионска титула во 2010 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како тандем тие важат за најдоброто дуо од средниот ред во историјата на фудбалот, но тренерот на Барса Чави тврди дека двајца негови играчи се веќе подобри од него и Иниеста во тие години.

Станува збор за Гави и Педри, тандемот кој веќе ја води играта и за Барса и на Шпанија.

„На дваесетгодишна возраст, Андрес и јас не бевме на исто ниво како Педри или Гави. Не бевме на нивното ниво во тие години“, изјави тренерот на Барселона. Инаку, Гави има 18, а Педри 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…