Дома Фудбал Останато Чави сака да биде селектор откри и на која репрезентација!

Чави сака да биде селектор откри и на која репрезентација!

cavi

Прославениот шпански фудбалер Чави Ернандез се надева дека после завршувањето на кариерата ќе стане селектор на репрезентацијата на Катар и ќе ја предводи оваа селекција на Мундијалот во 2022 година кој ќе се одржи токму таа земја.

Чави во 37 година од животот во кариерата настапува за Ал Сад каде што е веќе две години, но наскоро планира да започне и тренерска кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Катар сум да им помогнам да играчите да напредуваат и да бидат спремни за натпреварувањето со останатиот свет. Имам амбиции да станам тренер, а за мене мислам дека би било добар потег да собирам искуство на клупата на Катар. Добро го познавам националниот тим и состојбата на фудбалот во оваа земја“, изјави Чави за „Марка“.

Чави 17 години играше за Барселона освои се што можеше да се освои и пред заминувањето во Катар беше капитен на својот матичен клуб.

Бројни успеси забележуваше и со селекцијата на Шпанија со која освои две титули шампион на Европа (2008, 2010), едно Светско првенство (2010), како и сребро на Олимписките игри во 2000 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…