Дома Фудбал Чави: Реал е како камелеон, не знаеме што не чека

Чави: Реал е како камелеон, не знаеме што не чека

Вечерва на програмата е второто „Ел Класико“ и Барселона му гостува на лидерот Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаат голема предност на врвот на табелата, но дуелите со големиот ривал се секогаш непредвидливи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Каталонците, Чави му ја препушти фаворитската улога на „кралевите“ и изјави дека Реал е како камелеон.

„Реал Мадрид е како камелеон, не се знае како ќе игра. Не знаете дали ќе ве притиска горе, или ќе направи блок и ќе игра на контри. Не знаеме што не чека, ние ќе се обидеме да ја имаме топката што е можно подолго и да го примениме сопствениот стил. Мора да бидеме подготвени за се. Нема подобро сценарио од ова за да ја потврдиме добрата форма“.

„Треба да покажеме карактер, да го прикажеме нашиот стил. Сепак, пред натпреварот, ќе кажам дека Реал и натаму е фаворит. Тоа го велам бидејќи Реал игра на домашен терен и поради фактот што е сигурен лидер во првенството“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …