Дома Фудбал Чави: Меси е „црната мачка“ на Реал Мадрид

Чави: Меси е „црната мачка“ на Реал Мадрид

Легендата на шпанскиот фудбал, Чави Ернандес го коментираше престојниот дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кој на програмата е утре.

Чави во интервју за „Мундо Депортиво“ истакна дека Меси е човекот кој ќе ја направи разликата и го опиша Аргентинецот како „црна мачка“ за Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Меси е црната мачка на Реал Мадрид во последните 10-15 години. Сите тимови страдаат од него, но Реал најмногу. Бернабеу има голем респект кон Лео, бидејќи во последните години ја прави разликата на многу натпревари, постигна многу голови и е во состојба да направи се“, истакна Чави.

„Сметам дека Барселона ќе доминира во натпреварот. Барса е во добра форма, но сметам дека играта може да се подобри. Сепак, најважен е резултатот“, заклучи легендарниот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…