Дома Фудбал Чави го собори рекордот на Зидан во Примера

Чави го собори рекордот на Зидан во Примера

Барселона постигнува одлични резултати под водство на Чави Ернандес, а со синоќешната победа тој постави рекорд во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона вчера славеше против Мајорка и стигна до 19 бодови сезонава, а херој во триумфот беше Левандовски.

Оваа победа на каталонскиот гигант значеше и рекорд за Чави, кој остана непоразен на 18 гостувања како тренер на Барселона и тоа е нов рекорд.

Претходниот рекорд го имаше Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид.

„Рекордот нема да има значење, ако не освојуваме трофеи. Ова е добар показател дека работиме добро, но сепак трофеите се најважни“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…