Барселона во овој период не игра како што посакува тренерот Чави Ернандез, па поради тоа се очекува да има промени, а шпанските медиуми најавуваат дека еден од оние кои ќе си заминат е Бразилецот, Рафиња.
Според последните информации стратегот на Барселона го изгубил трпението со бразилскиот фудбалер и нема намера повеќе да го чека да ја врати старата форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во редовите на Барселона, Рафиња пристигна од Лидс за сума од 58 милиони евра и дресот на каталонците го носеше на 68 натпревари во кои постигна 19 гола и запиша 13 асистенции.
Како можна нова дестинација на Рафиња повторно се споменува Премиер лигата и тимот на Њукасл.