Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се најавува, но и навивачите очекуваат Ерик Тен Хаг наскоро да добие отказ.
Според информациите на медиумите на Островот во клубот како идеално решение го гледаат Чаби Алонсо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот прави „чуда“ со Баер Леверкузен и минатото лето ги одби сите понуди бидејќи сакаше да игра во Лига на шампиони со „фармацевтите“.
Сепак, на лето ќе биде спремен за чекор напред во кариерата, а Јунајтед сака да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“.
Чаби Алонсо не крие дека сака еден ден да работи во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ му нудат да биде централна фигура на новиот проект.
🚨 Manchester United are interested in appointing Xabi Alonso to replace Erik ten Hag and are willing to wait until the summer for the Bayer Leverkusen boss.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 6, 2024
(Source: Todofichajes) pic.twitter.com/r3Pyy0IKzj