Црногорката Данка Ковниќ го направи најголемото изненадување досега на Австралија Опен откако ја елиминираше шампионката на УС Опен Ема Радукану во второто коло.
Ковниќ успеа да слави против британската тенисерка со 6:5, 4:6 и 6:3 и така го оствари својот најголем успех во кариерата. Досега Ковниќ никогаш не успеала да го помине второто коло на еден гренслем турнир и во овој момент е 98-ма тенисерка на ВТА листата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мечот не започна со најава изненадување затоа што Радукану експресно поведе со 3:0, но тука застана. Се жалеше на плик на раката со која сервира, па Ковниќ тоа знаеше да го искористи и да го сврти мечот во своја корист.