Дома Македонски спорт Мак ракомет „Црвено-црните“ слават: Чупиќ останува во Вардар!

„Црвено-црните“ слават: Чупиќ останува во Вардар!

Вардар од 1-ви јуни ќе биде под „палката“ на Михајло Михајловски кој се враќа на претседателската функција во клубот.

„Црвено-црните годинава се соочуваат со големи кадровски промени и дел од ракометарите заминаа, но некои ќе останат, а веќе почнаа и да доаѓаат нови. Последен меѓу нив е репрезентативецот Томи Јагуриноски, кој доаѓа од Металург.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Убавата вест за „црвено –црните“ е дека Иван Чупиќ и дефинитивно останува. Информацијата од клубот вели дека тој денеска ставил потпис на нов договор.

Чупиќ веќе четири години е дел од Вардар и беше во тимот кој два пати ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Во наредниве денови се очекува уште неколку ракометари да ја продолжат соработката со Вардар како Стоилов и Дибиров, а голема е веројатноста дека и Дисингер, Калараш и Горбок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Куманово објави видео од случувањата во Арачиново: Луѓе, во Македонија сме или во Колумбија?!

Изминатиот викенд во кој немаше прволигашки фудбал поради репрезентативната пауза на макед…