Дома Останати Тенис Циципас во последниот меч со Надал си дал ветување и сега сака да го исполни

Циципас во последниот меч со Надал си дал ветување и сега сака да го исполни

Mладиот грчки тенисер, Стефанос Циципас оваа сезона е вистинска сензација на Австралија Опен.

Циципас најголемото изненадување го направи со елиминацијата на Роџер Федерер кој ја бранеше титулата. Во полуфиналето Циципас ќе игра против Шпанецот, Рафаел Надал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Самиот пласман во полуфиналето за Циципас е огромен успех, па тој нема што да изгуби.

„Навистина сум среќен што ќе играме во полуфиналето против таков противник. Надал, Ѓоковиќ и Федерер се легенди на овој спорт. Во натпреварите со нив немам што да изгубам, можам само да учам и да напредувам“.

„Против Надал играв два пати, еднаш на земја и еднаш на тврда подлога. Чуствував дека можам да го победам во Торонто, но изгубив со 6:2, 7:6. После тој меч кога се вратив во совлекувалната си ветив самиот на себе дека во наредниот натпревар против него ќе играм уште подобро“, изјави Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…