Барселона синоќа дојде до лесна победа на гостувањето кај Мајорка, а мечот го одбележа еден навивач кој втрча на терен.
Оваа ситуација во најмала рака беше чудна, бидејќи натпреварот се играше без публика, а еден навивач втрча на терен и го прекина мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачот беше со дрес на Аргентина, па дури успеа да направи и селфи со Жорди Алба пред да реагира обезбедувањето.
Со оглед на забраната за присуство на навивачите и прекршување на правилата и мерките поврзани со коронавирус, се очекува да добие голема казна.