Дома Фудбал Германија Целосен ремонт во Минхен: Двајца веќе пристигнаа – никогаш помлад Баерн!

Целосен ремонт во Минхен: Двајца веќе пристигнаа – никогаш помлад Баерн!

Следи целосна реконструкција на тимот, освен Ноер ниту еден играч нема да има повеќе од 30 години.

Купувањето на Лукас Ернандез е само почеток. Баерн го сруши сопствениот рекорд, Французинот пристигнува од Атлетико за 80 милиони. Во план е големо подмладување, Рибери и Робен се минато, можно е да бидат продадени и Боатенг и Рафиња кои имаат по 33 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што сака Баерн?

Да направи целосно нов тим, ниту Мануел Ноер кој има 33 годни не е толку сигурeн. Се шпекулира дека неговото место може да го превземе Кристијан Фруштл кој се уште не дебитирал.

Нов лидер на тимот би требало да биде Кимих кој има 24 години и многу искуство, купен е и Павар, десниот бек на шампионскиот тим на Франција кој е една година помлад. Тие двајца заедно со Зуле и Ернандез ќе ја сочинуваат одбраната, иако тука е и Хумелс кој е најискусен.

Во средниот ред, Корентин Толисо и Тиаго Алкантара ќе ја превземат диригентската палка, Леон Горецка ќе добие повеќе шанса, како и заборавениот Ренато Санчез. Гнабри, Коман и младиот Канаѓанец Дејвис се играчите кои во иднина треба да превземат поголема одговорност.

Ќе останат Милер и Алаба, за Левандовски не е сигурно, посебно ако Баерн успее да доведе некој од Вернер или Јовиќ.

Мети се уште Каи Хаверц, новиот репрезентативец, потоа Николас Пепе од Лил и Хадсон Одои од Челзи.

Практично ниту еден играч освен Ноер нема да има повеќе од 30 години, Милер има 29, Алаба 26, Хави Мартинез 30, но и Баскиецот би можел да го напушти клубот.

И понатаму не е позната судбината на Нико Ковач, но ако ја освои титулата( Баерн и Дортмунд имаат по 60 бодови) сигурно ќе остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: УЕФА донела одлука со која ќе ги израдува сите селектори на Европското првенство

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 и…