Џејмс Харден не беше на препознатливото ниво изминатата вечер, па со самото тоа ниту тимот на Хјустон Рокетс.
Хјустон гостуваше во Оклахома и тоа беше враќање на Расел Вестбрук во старото гнездо, баш како и Харден кој додуша навивачите на Оклахома може и го заборавиле бидејќи одамна беше нивни член и не играше како Вестбрук во последните години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Вестбрук му годеше враќањето па уфрли 34 поени, но Хјустон изгуби со 113:92.
Галинари со 23 поени и 11 скокови ја предводеше Оклахома до победа, Гилгос-Александер додаде 20 поени, додека Крис Пол против својот поранешен клуб уфрли 18 поени.
Џејмс Харден го одигра најлошиот натпревар сезонава и уфрли само 17 поени и додаде три скока и три асистенции. Имаше скромни 5 од 17 од игра.
Натпреварот на сезоната пак го одигра Тристан Томпсон кој во победата на Кавс во детроит уфрли 35 поени со 14 скокови, додека Друмонд на другата страна оствари учинок од 28 поени и 23 скока, а Дерик Роуз покрај 27 поени имаше и 7 скокови.
Филаделфија победи во Бостон во дербито на истокот со 109:97 со 19 поени на Ричардсон, Валкер уфрли 26 кај Бостон, Смарт 24.
Минесота со 116:101 го победи Портланд, Вигинс беше најдобар со 23 поени и осум асистенции, додека кај гостите Лилард постигна 20 поени и додаде осум асистенции.