Дома Останати Тенис Хуркач го елиминираше Медведев и остави Ѓоковиќ на врвот на АТП

Хуркач го елиминираше Медведев и остави Ѓоковиќ на врвот на АТП

Русинот Данил Медведев загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 0:2 (6-7, 3:6) во сетови во четвртфиналето на турнирот во Мајами и така Медведев ја пропушти шансата брзо да се врати на врвот на АТП листата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ако Медведев стигнеше барем до полуфиналето експресно ќе го симнеше Ѓоковиќ од тронот, сепак тоа нема да се случи. Одлучувачки кон крајот на првиот и почетокот на вториот сет беше добриот сервис на Хуркач.

Ѓоковиќ за десетина дена се враќа на терените после неиграњето во Мелбурн и американската турнеја во Индијан Велс и Мајами.

Во полуфиналето Хуркач ќе игра против подобриот од Кецмановиќ и Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…