Легендарниот германски дефанзивец нема да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и ќе го напушти клубот како слободен агент.
Медиумите шпекулираа дека Хумелс може да ја продолжи кариерата во Италија, каде интерес за него покажуваше Рома и Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, 35-годишниот стопер се одлучи кариерата да ја продолжи во Шпанија и ќе потпише договор со Мајорка.
Хумелс одбил бројни попрофитабилни понуди, бидејќи парите не му биле приоритет, туку сакал да остане во Европа каде ќе живее со семејството.
Агентот потврди дека се е договорено, а платата на Хумелс за една сезона ќе изнесува 3 милиони евра бруто.