Дома Фудбал Хуманитарен натпревар: Арсенал и Челзи ќе играат за семејствата од жртвите во лондонскиот пожар

Хуманитарен натпревар: Арсенал и Челзи ќе играат за семејствата од жртвите во лондонскиот пожар

Приходот од претстојниот натпревар од Комјунити шилд, во кој ќе играат фудбалерите на Арсенал и Челзи, ќе им биде даден на семејствата од жртвите од пожарот во зградата во Лондон.

Шампионот на Премиер лигата и победникот од ФА купот ќе играат за трофејот Комјунити шилд на 6 август на Вембли, а фудбалерите од двата клуба одлучија тој натпревар да биде и хуманитарен.

Арсенал и Челзи заедно со „Мекдоналдс“ се надеваат дека ќе соберат 1,25 милиони фунти за сите оние кои го загубија домот во пожарот во Лондон.

Семејствата на жртвите и преживеани станари од зградата се повикани на натпреварот, како и персоналот од итните служби кои им помогнаа.

Во пожар во лондонскиот солитер Гренфил, кој целосно изгоре, загинаа 79 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…