Дома Фудбал Репрезентации „Хрватска – Србија во финале на Мундијалот? – Дај Боже, веднаш потпишувам“

„Хрватска – Србија во финале на Мундијалот? – Дај Боже, веднаш потпишувам“

Како што се наближува крајот на сезоната во фудбалските првенства, така светот полека вниманието го насочува своето внимание кон Мундијалот во Русија.

За жал ние се уште сонуваме за настап на еден Мундијал. Дел од најголемото спортско случување во Русија ќе бидат репрезентациите на Хрватска и Србија, а сега за медиумите зборуваше селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Далиќ и посака среќа на селекцијата на Србија, но предупреди и на противникот кој го смета за најнезгоден во групната фаза.

„Србија има слична група како и ние. Бразил е фаворит на целиот Мундијал. Швајцарија е повеќе по опасна од Костарика, Владимир Петковиќ е добар тренер кој добро ја сложи репрезентацијата и ќе биде главен противник на Србија во борбата за пласман во следната фаза“.

„Тие имаат добри играчи како и одличен селектор. Младен Крстајиќ го сака истото што и јас – да ја поминеме групата, но ќе биде навистина тешко. Како што кажав Србија има квалитет и во своите редови има играчи кои играат во големи клубови“, изјави Далиќ.

За крај на Далиќ му беше поставено прашањето за потенцијално финале помеѓу Србија и Хрватска.

„Па тоа би било одлично, дај Боже да биде така, веднаш потпишувам“, порача Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …