Дома Фудбал Останато Хрватска во неверување: Се продава медал од – Светското првенство! (ФОТО)

Хрватска во неверување: Се продава медал од – Светското првенство! (ФОТО)

Aукциската куќа која продава на страницата „Тhe Saleroom“ во својата понуда има еден навистина интересен артикл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, на споменатата страница се појави бронзениот медал кој Хрватска го освои на Светското првенство во Франција во 1998 година, а не е познато кој точно ја продава.

Во описот се наведува следното: Светско првенство во Франција. Официјален медал за третото место кое го освои Хрватска. Бронзениот медал се уште ја има оригиналната врвка. Произведувач – Бертони. Во прашање е апсолутна реткост“.

Автентичноста на понудените материјали ја гарантира аукциската куќа, а нејзината почетна цена е 7.5 илјади евра. Аукцијата ќе се одржи на 7-ми и 8-ми декември. Медалот ќе припадне на оној кој ќе понуди најмногу.

Хрватската јавноста остана во неверување, а сите се прашуваат кој член на таа генерација се одлучил да го продава неверојатниот спомен и дали се работи за некој фудбалер или пак член на стручниот штаб.

medal

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Иран подигнаа транспарент што ќе ги налути Американците (Видео)

Мечот од првото коло на групата Х на Светското првенство помеѓу Иран и Нов Зеланд во Инглв…