Поранешниот хрватски фудбалер Ивица Олиќ држи интересен рекорд во Лигата на шампионите кој тешко ќе го достигнат најдобрите фудбалери на денешницата како што се Кристиано Роналдо и Лионел Меси.
Имено, Олиќ во текот на кариерата постигнал десет голови во Лигата на шампионите, а дури седум од нив постигнал во нокаут фазата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ако ги гледаме само фудбалерите кои постигнале 10 или повеќе голови во најелитното европско натпреварување, тогаш доаѓаме до податок дека Олиќ 70% од головите ги постигнал во елиминационата фаза.
Тоа е податок со кој не можат ниту од блиску да се пофалат Роналдо и Меси, сепак нивниот процент е изваден од далеку поголем број постигнати голови.
Интересно, Олиќ во текот на кариерата еден гол во Лигата на шампионите постигнал како играч на ХСВ и дури девет како фудбалер на Баерн.
Посебно добар Олиќ беше во сезоната 2009/10 кога постигна три гола против Лион и победничкиот гол против Манчестер Јунајтед на „Алијанц Арената“.
Олиќ во својата кариера настапуваше за дури девет клубови, а најголем дел помина во Германија. Кариерата ја започна во Марсонија, а потоа го носеше дресот на: Херта, НК Загреб, Динамо Загреб, ЦСКА Москва, Баерн Минхен, Волфсбург, ХСВ, а од фудбалот се прости во 2017 година во дресот на Минхен 1860.