Дома Останати Тенис Хрватот кој има скор 2:0 против Надал, а денес работи како банкар

Хрватот кој има скор 2:0 против Надал, а денес работи како банкар

Неверојатен пат имале двајца тенисери кои пред 20 години играле еден против друг и кои се само една година разлика старост. Едниот неодамна ја одбрани титулата на Ролан Гарос и го освои својот 18-ти Грен Слем, а другиот работи во банка во Загреб.

Но, пред 20 години ретко кој можеше такво нешто да предвиди бидејќи Загрепчанецот Горан Вујакили имаше скор од 2:0 против „кралот на земјата“, Рафаел Надал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Не би сакал сега од себе дап равам ѕвезда, тој податок го знаат само моите пријатели. Беше тоа многу одамна, 1999 година. Јас тогаш имав 14, а тој 13 години“, ја започна Вујакили својата приказна.

„Повеќе се сеќавам на нашиот втор меч во Барселона, игравме Хрватска против Шпанија на Европскиот куп на бетон. Беше 2:0 во сетови, мислам дека 7:5, 6:4 или 6:4, 6:4, така нешто“, се потсети Вујакили.

„Јас тогаш бев прв во Европа на табелата тенисери до 15 години, така да победата не беше изненадување. Секако, од денешна преспектива е голема изненадување. Го победив пред тоа уште еднаш и тоа полесно од вториот пат“.

„Тогаш не можев да заклучам дека ќе биде толку успешен. Но дека имаше голем потенцијал, имаше. Секако тогаш не беше висок 185 сантиметри со 100 килограми мускули на него како денес, меѓутоа неговиот потенцијал можеше да се забележи“.

„Жалам што немам некоја фотографија, тогаш не беше време на селфи и мобилни телефони, го немам дури ниту неговиот потпис, но останаа убавите спомени. Го гледав неделното финале против Тим и секако дека низ глава ми поминаа тие две мои победи“, зборуваше Хрватот, а на крајот доби прашање дали Рафа би се сетил денес на него.

„Мислам дека да, затоа што скоро секогаш победуваше па ги памети оние од кои губеше. Посебно мислам на тој пораз во Барселона каде што присуствуваше неговото семејство“, смета Вујакили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …