Дома Македонски спорт Хрватите најавуваат: Ситуацијата се промени, Адеми може да си замине, познато и кој клуб е фаворит

Хрватите најавуваат: Ситуацијата се промени, Адеми може да си замине, познато и кој клуб е фаворит

Хрватските медиуми најавуваат дека македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Арјан Адеми би можел да го напушти Динамо и кариерата да ја продолжи во Турција во дресот на турски Фенербахче.

Адеми има договор со Динамо до 2023 година и многу пати ја покажал верноста и љубовта кон „модрите“. Сепак, последната ситуација во која беше жестоко напаѓан од јавноста во Хрватска поради ситуацијата со платите во клубот би можела да биде причина да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Динамо поради целиот хаос кој се случуваше си замина и тренерот Бјелица кој сега е фаворит за клупата на Фенербахче, па Хрватите најавуваат дека Адеми ќе биде негова прва мета.

Засега не се споменува колку би можел да изнесува овој трансфер, а вредноста на Адеми на фудбалскиот пазар во овој момент е 5.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…