Утре од 16:00 часот на програмата во Катар ќе се игра малото финале, во борбата за бронзата силите ќе ги одмерат Мароко и Хрватска.
Пред овој натпревар со проблеми се соочува хрватскиот селектор Златко Далиќ. Хрватска во овој натпревар ќе биде без двајца стандардни репрезентативци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Десниот бек Јурановиќ е повреден, тој го одигра целото второ полувреме од полуфиналето со Аргентина и со тоа ја влоши состојбата. Прегледите покажале дека Јурановиќ ќе мора да мирува во следните две недели.
Покрај него Хрватска ќе биде и без Марсело Брозовиќ. Играчот од средниот ред на Интер се пожалил на болки во ногата. Информациите се дека се здобил со повреда на мускулот. Најверојатно во стартниот состав Брозовиќ ќе биде заменет од Ловро Мајер.