Дома Фудбал Хоакин: Тренерот цела недела бараше начин како да го сопреме Меси, а сите видовте што се случи на натпреварот

Хоакин: Тренерот цела недела бараше начин како да го сопреме Меси, а сите видовте што се случи на натпреварот

Барселона во вчерашниот натпревар го декласираше Бетис со убедливи 0:5.

Бетис во добро се држеше до 64 минута, поточно додека не се разигра Лионел Меси кој во вчерашниот натпревар ги одигра веројатно најдобрите 25 минути во својата кариера. Повеќе за ова прочитајте ТУКА.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меси во последните 25 минути успеа да постигне два гола и во финишот да му асистира на Луис Суарез.

По завршувањето на натпреварот за медиумите зборуваше капитенот на Бетис, Хоакин Санчез.

„Пред натпреварот тренерот влезе во соблекувална и ни кажа дека дека во текот на целата недела барал начин како неговиот тим може да го сопре Лионел Меси, тоа и ни го објасни. Понатаму нема што да се каже сите видовте што направи Меси на теренот, за мене тој е најдобриот во историја“, изјави Хоакин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Може ли Баер да го сруши рекордот на Селтик од 1916 година?

Баер Леверкузен и официјално изминатиот викенд ја потврди титулата во Бундеслигата со побе…