Петтиот натпревар помеѓу Денвер и Минесота кој заврши со победа на актуелниот шампион од 112:97 започна со церемонија на која на Никола Јокиќ му беше доделена наградата за МВП.
За Јокиќ ова беше прв натпревар откако беше прогласен за најкорисен играч и така го одигра бидејќи постигна 40 поени и додаде 13 асистенции и седум скока.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наградата на Јокиќ му ја додели комесарот на НБА, Адам Силвер, а беа воодушевени и соиграчите на Јокиќ. Посебно интересен беше моментот кога на паркетот излегоа со маички во чест на својот соиграчи.
На маичките пишуваше:ж
„Се сеќавате ли кога ми се смеевте?“.
Ова МВП признание за Јокиќ е трето во кариерата, а бидејќи водат против Минесота со 3:2 во серијата и понатаму се во игра за нова титула во најсилната кошаркарска лига.