Јуп Хејнкес го презеде кормилото на Баерн до крајот на сезоната со цел да ја врати самодовербата на тимот која беше сериозно разнишата под водство на Анчелоти.
Сепак, искусниот стратег нема намера долго да се задржи, па веќе го избрал својот наследник. Германските медиуми пренесуваат дека тоа ќе биде Томас Тухел, поранешниот тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот Хејнкес го дал својот благослов да биде заменет од страна на Тухел и му сугерирал на раководството нему да му го доверат проектот чија цел е враќање на Баварците на врвот на Европа.
Челните луѓе на Баерн претходните денови се консултирале со Хејнкес, а овој не само што е запознат со работата на Тухел, туку го гледа како идеално решение.
Па така се чини дека Румениге го победи Хенес во битката за нов тренер, бидејќи овој вториот повеќе навиваше тоа да биде актуелниот тренер на Хофенхајм, Нагелсман.