Дома Фудбал Останато Херера за забавите на Нејмар: Девојката не ме пушташе да одам во тоалет на другиот спрат

Херера за забавите на Нејмар: Девојката не ме пушташе да одам во тоалет на другиот спрат

Шпанскиот фудбалер Андер Херера минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед и одлучи да потпише за ПСЖ.

Херера во минатата сезона одигра 18 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ, но во важните натпревари во поголем дел седеше на клупа. Но, Шпанецот брзо се вклопи во соблекувалната во Париз, а најдобар однос има со Нејмар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во разговор за шпанските медиуми откри некои детали за прославата на роденденот на Нејмар. Нејмар за своите роденден редовно прави големи забави, но ретко кога излегуваат информации за тие прослави.

Овој пат Херера откри неколу детали. Тој на родененот на Нејмар бил со својата девојка и призна дека забавата била навистина огромна.

„Не можам многу да ви кажам. Единствено дека бевме поделени. Оние кои имаа девојка беа на вториот спрат каде што бев и јас, а оние кои беа тука без девојка/момче беа на првиот спрат. Знам дека девојката не ми даде да одам ниту до тоалет бидејќи морав да одам на првиот спрат каде што беа сите слободни девојки“, откри Херера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…