Дома Топ вести Харт се враќа на Островот, и тоа кај големиот ривал!

Харт се враќа на Островот, и тоа кај големиот ривал!

Изјавата на Тибо Куртоа дека сака да се врати во Шпанија не беше најдобро прифатена во Челзи, кој веќе почна да бара нов голман.

Куртоа оваа сезона не брани на највисоко ниво и статистички гледано е најлош голман во Премиер лигата со 47,1% успешни одбрани. Тоа значи дека противничките удари почесто завршуваат во мрежата, отколку што тој ги брани.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека Конте ја губи довербата во Белгиецот и дека бара ново решение за голманската позиција.

Медиумите тврдат дека правата желба е англискиот репрезентативец Џо Харт, кој моментално е на позајмица во Торино и одлично брани за италијанскиот клуб.

Познато е дека Гвардиола не го сака во Сити, па „сините“ се спремни да ја искористат таквата ситуација и да го донесат Харт на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…