Седум натпревари беа одиграни во НБА лигата во ноќта помеѓу среда и четврток, а секако треба да се издвои новиот неверојатен настап на Џејмс Харден за Хјустон.
Рокетси во својот Тојота Центар го совладаа Клиперси со резултат 102:93, а Харден постигна скоро половина поени за својот тим. Натпреварот Харден го заврши со 47 поени, седум асистенции и шест скокови со 12 погодени шутеви од 26 обиди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Клиперси не им помогна ниту Каваи Ленард кој уфрли само 26 поени и додаде 12 скокови и седум асистенции, како ниту тоа што Расел Вестбрук доби три лични грешки за само шест минути.
Рокетси едноставно беа подобар тим и предводени од Харден стигнаа до осмата победа во сезоната (8-3).
ЛА Лејкерси во својот Стејпл Центар лесно го совладаа Голден Стејт со резултат 120:94.
Иако во Лејкерси не можеа да сметаат на Ентони Дејвис лесно се справија со вицешампионите. До победата ги водеше Леброн Џејмс кој оствари учинок од 23 поени и 12 асистенции.
Кај Вориорси подобар од останатите беше Д’Aнџело Расел со 21 поен.
Актуелниот шампион Торонто и оваа сезона игра одлично, а до осмата победа стигнаа на гостувањето кај Портланд кој го победија со резултат 114:106.
Сиакам и Ван Влет беа незапирливи за Портланд. Првиот постигна 36, вториот 30 поени за нов триумф.
Најдобар учинок во НБА до сега има Бостон. До деветата победа Селтикси стигнаа на свој паркет против Вашингтон со резултат 140:133
НБА резултати:
Шарлот – Мемфис 117:119
Орландо – Филаделфија 112:97
Бостон – Вашингтон 140:133
Хјустон – ЛА Клиперси 102:93
Минесота – Сан Антонио 129:114
ЛА Лејкерси – Голден Стејт 120:94
Портланд – Торонто 106:114