Дома Останати Кошарка НБА Харден во драматичен натпревар го предводеше Хјустон до победа за 2:1 во серијата со шампионот (ВИДЕО)

Харден во драматичен натпревар го предводеше Хјустон до победа за 2:1 во серијата со шампионот (ВИДЕО)

Tимот на Хјустон во третиот натпревар во полуфиналето на Западот славеше со 126:121 после продолженија против Голден Стејт и намали на 2:1.

После два триумфа на Вориорси серијата се пресели во Хјустон, а Рокетси не дозволија брејк на шампионот и после голема борба стигнаа до победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на поголемиот дел од натпреварот Хјустон имаше водство, имаа и двоцифрена предност, но Голден Стејт успеа да се врати во последната четвртина.

Гостите имаа 112:10 водство на 38 секунди пред крајот, но Џејмс Харден со слободни фрлања го одведе натпреварот во продолженија. Во дополнителните пет минути Харден уфрли седум од вкупно 14 поени за Хјустон.

На крајот натпреварот го заврши со 41 постигнат поен, девет скокови и шест асистенции, Ерик Гордон уфрли 30, а Клинт Капел 13 поени и 11 скокови.

Драјмонд Грин на другата страна стигна до трипл-дабл со 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции, додека Кевин Дурант постигна 46 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=2oUIFM3T9FM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…