Дома Фудбал Хаос во Јунајтед, играчите со сериозни обвиненија за Солскјер

Хаос во Јунајтед, играчите со сериозни обвиненија за Солскјер

После срамниот пораз од Ливерпул на Олд Трафорд се случуваат сериозни потреси во Манчестер Јунајтед.

Солскјер „преживеа“ и остана на клупата, но не се знае до кога, бидејќи полека ја губи контролата во соблекувалната.

Имено, Солскјер во вторникот имал сериозен состанок со играчите на кој имало сериозни обвинувања.

„Тајмс“ објави дека на состанокот секој од играчите имал можност да си каже што мисли за состојбата на клубот.

Се чини дека посебно на удар е Хари Мегваер, па еден од играчите го прашал Солскјер дали е во ред да му ја даде капитенската лента после само шест месеци во клубот.

Посебна замерка за менаџерот била и тактичката поставка и фактот дека ништо не менува во тимот и покрај поразите, иако некои играчи се наметнуваат на тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…