Дербито во Шкотска помеѓу Хеартс и Хиберниан (0:0) беше обележано од срамни испади на навивачите.
Домашните навивачи го погодија тренерот на гостите Ленон со монета, додека еден навивач на Хиберниан го удри голманот на Хеартс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голманот на Хеартс доби удар во моментите кога ја зимаше топката за да ја врати во игра. Нападнат бил и помошникот судија, а полицијата објави дека привела едно лице на возраст од 25 години.
Во втората минута од судиското продолжение Хеартс постигна гол, но судијата го поништи поради офсајд. Никој не може да го оправда фрлањето на монета поради која некој може да остане и слеп, но ниту потегот на Нил Ленон не е за пофалбa. После поништениот гол, тренерот на Хибернинан се сврте кон домашната трибинa ги провоцираше навивачите.
It is fair to say it all kicked off in the Edinburgh derby last night…
A last-minute disallowed goal, celebrated by Neil Lennon, caused carnage.
More: https://t.co/ww2YADyMMi pic.twitter.com/KBOPaT83eK
— Sky Sports Football (@SkyFootball) November 1, 2018