Мастерсите во Мајами, Монте Карло и Рим најверојатно ќе бидат откажани поради коронавирусот, ако може да се верува на тврдењето на шпанска „Марка“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Организаторите на Индијан Велс соопштија дека турнирот нема да се одигра во планираниот термин и сега се чека одлука за наредните турнири.
Во Мајами веќе беше откажан едне музички фестивал, а тоа значи дека најверојатно и турнирот ќе биде одложен, а кој требаше да почне на 23 март и да трае до петти април. По нив следат турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим.
Постои шанса да бидат откажани и Мастерсите во Монте Карло и Рим затоа што се во подрачја, каде што има многу заболени со коронавирус.