Дома Македонски спорт Мак баскет Хаос во македонската кошарка: Се тепале навивачи, кошаркари и тренер на ист клуб меѓу себе!

Хаос во македонската кошарка: Се тепале навивачи, кошаркари и тренер на ист клуб меѓу себе!

Во најновиот кошаркарски билтен за македонската кошарка најголемо внимание привлекува ситуацијата во натпреварот помеѓу КК Албес и Спарта.

Инцидентот се случил кон крајот на првото полувреме. Тогаш еден кошаркар на Албес промашил две слободни фрлања, а тогаш од тренерот му било наредно да го напушти на теренот. Кошаркарот го направил тоа, но потоа бидејќи сето тоа било пред завршувањето на полувремето дошло до голем конфликт на пат кон соблекувалната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот и кошаркарот кој бил избркан прво се расправале, за потоа да почнат и да се тепаат. Хаосот станал уште поголем кога во инцидент се вклучиле други кошаркари, потоа и навивачи на Алвес, па се создала масовна тепачка.

По сето тоа тимот на Албес не го продолжил на натпреварот, а казнет е со максимална казна и исфрлање од натпреварувањето, додека тренерот доби суспензија од една година за работење било каква функција во кошарката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…